18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе зголеми разликата меѓу Мареј и Ѓоковиќ

Се зголеми разликата меѓу Мареј и Ѓоковиќ

Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ, поради повреди, го пропуштија Мастерсот во Мајами, но Британецот ја зголеми предноста на врвот на АТП листата и таа сега изнесува 4.045 поени.

Ѓоковиќ, во Мајами, не ја бранеше титулата и загуби 1.000 бодови, додека Мареј иако не играше остана покус за само 45 поени, бидејќи минатата година испадна во првото коло.

Зад Ѓоковиќ и Мареј е швајцарската двојка Стан Вавринка и Роџер Федерер, кој по освојувањето на титулата во Мајами напредуваше за две позициии. Петти во светот сега е Рафаел Надал, кој како и Федерер, напредуваше за две места.

Милош Раониќ е на шесттото место, а Кеи Нишикори назадуваше за три места и се наоѓа на седмото место. Во Топ 10 уште се и Марин Чилиќ, Доминик Тим и Жо-Вилфред Цонга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП