Расел Вестбрук дојде на чекор до рекордот на Оскар Робертсон од сезоната 1961/1962, откако изминататa ноќ го забележа 40-от трипл-дабл во сезоната. Покрај Вестбрук, трипл-дабл забележа Леброн Џејмс во победата на Кливленд, по две продолженија над Индијана.
Вестбрук против Шарлот забележа 40 поени, 13 скокови и 10 асистенции, што е негов шестти трипл-дабл во низа, вкупно 40-ти во сезоната, но Окалхома загуби 113:101.
Кемба Вокер го предводеше Шарлот со 29 поени (6/12 тројки). Ол стар играчот на Шарлот 14-ти пат сезонава постигна повеќе од пет тројки на еден натпревар.
Исклучително драматичен натпревар одиграа Кливленд и Индијана, а победа по две продолженија забележа бранителот на титулата 135:130.
Леброн Џејмс оствари трипл-дабл (41 поен, 16 скокови, 11 асистенции), додека Кајри Ирвинг и Кевин Лав уфрлија по 23, односно 20 поени. Кај Индијана незаприлив беше Пол Џорџ со 43 поени.
Лидерот во шампионатот Голден Стејт го декласира Bашингтон 139:115. Стеф Кари мечот го заврши со 42 поени (девет тројки). Голден Стејт ја задржа предноста на врвот во однос на Сан Антонио.
Спарси синоќа славеа во дуелот со Јута 109:103. Прво име кај Спарси беше Каи Ленард кој постигна 25 поени.