5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДербито меѓу Наполи и Јувентус заврши без победник (видео)

Дербито меѓу Наполи и Јувентус заврши без победник (видео)

Дербито одиграно во рамките на 30.коло, во Серија А, помеѓу Наполи и Јувентус заврши без победник 1:1. Од ремито најмногу профитираше Рома која ја намали предноста на лидерот Јувентус на шест бода.

Жешката атмосфера во Неапол, која фановите на Наполи му ја подготвија на „предавникот“ Игуаин, не влијаеше на гостите, кој во седмата минута постигнаа гол за 0:1.

Сами Кедира се прошете меѓу четворица играчи на Наполи, одигра двојно со Пјаниќ, а потоа го совлада Рафаел.

Наполи, до крајот на првиот дел не реализира две добри можности за постигнување на гол, најпрвин непрецизен беше Инсиње, а потоа Каљехон постигна гол, кон беше поништен поради офсајд.

Наполи израмни по еден час игра, по една акција низ средината, Мертенс упати топка во небранетиот простор, зад одбраната на Јувентус, а Хамшик ја закова во голот.

До крајот Наполи ја имаше најдобрата шанса за победа, но Мертенс од непосредна близина, од тешка позиција го погоди дирекот.

Јувентус е прв со 74 бодови, шест повеќе од Рома и десет од Наполи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП