20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонпелје го елиминира Кјелце, Вардар против Фленсбург во четвртфиналето

Монпелје го елиминира Кјелце, Вардар против Фленсбург во четвртфиналето

Германскиот клуб Фленсбург ќе биде противникот на Вардар во четвртфиналето, во ракометната Лига на шампиони. Покрај Фленсбург осминафиналето го минаа ПСЖ, Пик Сегед, Веспрем, Кил и најголемото изненадување Монпелје. Францускиот тим успеа во двомечот, со две победи да го елиминира европскиот првак Кјлеце.

Фленсбург „опасно живееше“ во осминафиналниот реванш против Мешков Брест, на пет минути до крајот на мечот имаше негатива 23:25 и играч помалку, но до крајот поранешниот европски првак направи серија 5:1 за конечни 28:26.

Лауге со седум, односно Ване и ветераното Егерт со по пет гола го предводеа Фленсбург на овој натпревар.

Европскиот првак Кјелце нема да ја брани титулата, бидејќи не успеа да го мине осминафиналето. Француски Монпелје со две победи го елиминира Кјелце, откако на домешен терен славеа со пет голови разлика, во реваншот ракометарите на Монпелје победија 28:26, иако на полувреме имаа негатива од четири гола.

Како и на првиот меч и во реваншот блескаа во редвоите на Монпелје Доленец со осум и Гребиј со пет гола.

Четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите се следни: Фленсбург-Вардар, Кил-Барселона, Монпелје-Веспрем и Пик Сегед-ПСЖ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП