4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер победник на Мастерс турнирот во Мајами

Федерер победник на Мастерс турнирот во Мајами

Роџер Федерер е победник на Мастерс турнирот во Мајами. Швајцарецот во финалето го победи Рафаел Надал со 2:0 за 95 минути игра.

Федерер го победи Надал во Мајами исто како и пред 13 години кога започна нивното ривалсто. Финалето во Мајами беше 37-от меѓусебен дуел на двајцата, а Надал води со 23:14.

Швајцарецот со 35 години и седум месеци стана највозрасниот тениеср кој ја освоил титулата во Мајами.

Финалниот меч не понуди ниво на тенис каков што очекуваа љубителите на овој спорт. Двајцата беа премногу нервозни, тешко освојуваа поени кога сервираа, заедно во првиот сет не искористија девет брејк шанси, а по 45 минути борба десеттата шанса за брејк Федерер ја претвори во поен за водство 5:3, а потоа со мали проблеми го освои својот сервис и поведе со 1:0 во сетови.

Слично сценарио имаше и вториот сет, но со помалку брејк шанси, а повторно Федерер му го одзеде сервисот на противникот, по 42 минути игра во овој сет тој дојде до предност 5:4, а потоа беше сигурен на својот сервис за 6:4.

Федерер на Флорида ја освои својата трета титула, прва по 2006 година, а вкупно 26-та на турнирите Мастерс серијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП