28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеми на натпреварот Арсенал - Манчестер Сити (видео)

Реми на натпреварот Арсенал – Манчестер Сити (видео)

Арсенал и Манчестер Сити одиграа 2:2 во последниот натпревар од 30.коло во Премиерлигата. Сити на „Емирејтс“ два пати водеше, а да дојде до победа го спречи голманот на Арсенал Оспина, кој имаше неколку брилијантни интервенции.

Манчестер Сити беше тимот кој гои дикираше ритамот од самиот почеток, но таа доминација успеа да ја материјализира само со еден гол. Во петтата минута Лирој Сане го совлада Оспина.

Неколку минути подоцна Де Брујне го погоди дирекот, а во продолжението на акцијата Оспина го спречи Агуеро да постигне гол.

Арсенал израмни во 40.минута, кога Волкот ја казни лошата реакција на Клиши. Сити ја врати предноста две минути подоцна кога Агуеро погоди по асистенцијата на Давид Силва.

Во второто полувреме Мустафи го постави конечниот резултат во 54.минута, кога го натскока Отаменди по корнерот на Езил.

По израмнувачкиот гол, Сити имаше две добри шанси, но Оспина излезе како победник по ударите на Фернандињо и Агуеро.

По ова коло сити остана на четвртата позиција на табелата со 58 бодови, еден помалку од Ливерпул, четири од Тотенхем и 11 од лидерот Челзи, додека Арсенал е шестти со 51 бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП