25 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВестбрук два чекори од Робертсон, трип-дабл и за Јокиќ (видео)

Вестбрук два чекори од Робертсон, трип-дабл и за Јокиќ (видео)

Расел Вестбрук се наоѓа на два чекори до израмнување на шестдеценискиот рекорд на Оскар Робертсон, откако во поразот на Оклахома од Сан Антонио го забележа 39-от трипл-дабл во сезоната. Двоцифрен ефект во три статистички категории, шести пат во сезоната имаше и младата српска ѕвезда Никола Јокиќ, чии Денвер загуби во Шарлот.

„Господинот трипл-дабл“, Расел Вестбрук го запиша 39-от ваков учинок во сезоната и стигна на два чекори до израмнување на рекордот од далечната сезона 1961/1962 на легендарниот Оскар Робертсон.

Рас е на два чекори од Робертсон и на вечна листа на играчи со најмногу трип-дабл оставрувања во кариерата, Вестбрук има 76, а Робертсон на петтото место 78.

Вестбрук во поразот на Оклахома од Сан Антонио 95:100 оставри 32 поени, 15 скокови и 12 асистенции.

Никола Јокиќ забележа 26 поени, 12 скокови и 10 асистенции, но Денвер загуби од Шарлот 122:114 и дополнителни се оддалечи од осмата позиција на Западот.

Шампионот Кливленд победи во Филаделфија 122:105, благодарение на двајцата најдобри играчи, Леброн Џејмс кој постигна 34 и Кајри Ирвинг кој уфрли 24 поени.

Во дербито на вечерта Голден Стејт славеше над Хјустон 107:98

Резултати: Торонто-Индијана 111:100, Бостон-Орландо 117:116, Мемфис-Далас 99:90, Мајами-Њујорк 94:98, Милвоки-Детроит 108:105, Њу Орлеанс-Сакраменто 117:89, Јута-Вашингтон 95:88.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП