21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер преку Кирјос си обезбеди финале во Мајами

Федерер преку Кирјос си обезбеди финале во Мајами

Роџер Федерер го победи Ник Кирјос и избори финале на Мастерсот во Мајами во кое за противник ќе го има Рафаел Надал, кој претходно беше убедлив во дуелот со Фабио Фоњини.

Федерер во 35-та година од животот игра на нивото како во најдобрите денови, во Мајами по речиси три часа игра и три тајбрека го скрши отпорот на малдата ѕвезда Кирјос.

Австралиецот во вториот сет успеа да спаси меч топка, да избори трет сет кој во тајбрејкот Федерер го доби со 7:5.

Федерер во финалето ќе игра со Надал, во еден од најголемите класици на светскиот тенис.

Историјата во меѓусебните дуели на овие двајца започна точно пред 13 години во Мајами, а финалето ќе биде нивниот 37-ми дуел.

Сезонава Швајцарецот победи во двата дуели, во финалето на Аустралијан Опен и во полуфиналето на претходниот Мастерс во Индијан Велс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП