19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: ЦСКА поразена во Атина, Фенер во Мадрид

Евролига: ЦСКА поразена во Атина, Фенер во Мадрид

Реал Мадрид го обезбеди првото место на табелата во Евролигата пред почетокот на плејофот, откако го совлада Фенербахче, а во исто време ЦСКА, во Атина, загуби од Панатинаикос.

Реал, во натпревар во кој доминираа одбраните, ја искористи „скратената“ ротација на Фенербахче и славеше 61:56. Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ на овој меч играше со осуммина играчи, Фенер во последните 90 секунди не реализира три наппади.

Перо Антиќ одигра речиси 20 минути и имаше учинок од пет поени исто толку скокови и две асистенции.

Реал, во пресрет на последното коло ја обезбеди првата позиција на табелата, додека Фенербахче најверојатно во Топ 8 фазата нема да ја има предноста на домашниот терен.

ЦСКа е веднаш зад Реал, по поразот по продолжението во Атина од Панатинаикос 85:80. Грчкиот тим, во последното коло со победа во Тел Авив над Макаби ќе ја освои четвртата позиција.

Риверс со 17 поени го предводеше ПАО, додека Теодосиќ и Де Коло постигнаа по 15 кошеви за ЦСКА.

Црвена звезда убедливо го порази УНИКС 83:65, но сепак во последното коло против Дарушафака ќе игра за пласман во Топ 8. Дуелот во Истанбул се игра за една недела, а победникот ќе биде четвртфиналист.

Басконија на гостински терен го декласира Галатасарај 103:80, а Армани Милано го изненади Жалгирис во Каунас и победи 88:84.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП