20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати се засилувањата кои ги посакува Симеоне

Познати се засилувањата кои ги посакува Симеоне

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Чоло Симеоне, ќе остане во клубот и во наредната сезона и веќе на челниците им го доставил списокот на потенцијални засилувања.

Примарна цел на Симеоне е да го задржи во тимот најдобриот играч и стрелец Антоан Гризман, кој неколку пати во изминатиот период истакна дека ќе остане во клубот, но се поставува прашањето дали Атлетико ќе успее да ги одбие понудите на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, кои според медиумските шпекулации биле подготвени да ја активираат откупната клаузула од 100 милиони евра.

Доколку Гризман замине од Атлетико, клубот со парите од неговиот трансфер ќе се обиде да ги донесе Единсон Кавани или Алексис Санчез. Исто така според шпанските медиуми завршена работа е доаѓањето на Александар Лаказет од Олимпик Лион.

Останатите играчи Симеоне нема намера да ги продава, а особено тоа важи за Белгиецот Јаник Фереира Караско, кој исто така е трасфер цел на неколку клубови.

Прв на листата на желби на Симеоне е Бразилецот Фабињо од Монако, кој подеднакво добро игра на десната бековска позиција и во дефанзивниот ред за врска.

На мета на Атлетико е и Словенецот Кевин Кампл од Баер Леверкузен, кој би дошол како замена за ветеранот Тијаго, како и еден од најдобрите играчи на Севилја, Витоло.

Исто така, Симеоне од позајмица ќе го врати братот на Лукас Хернандез, Тео, кој игра одлична сезона во Алавез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП