18 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа последното место во Топ 8 меѓусебно ќе решат Дарушафака и Црвена...

За последното место во Топ 8 меѓусебно ќе решат Дарушафака и Црвена звезда

Дарушафака и Црвена звезда во последното евролигашко коло ќе решат кој ќе биде последниот четвртфиналист. Дарушафака во драматичен меч, по едно продолжение, славеше во Германија кај Бамберг 99:97, во рамките на 29.коло, додека Црвена звезда денес ќе го одигра својот меч против Уникс, но без оглед на резултатот последниот патник меѓу Топ 8 тимовите ќе го даде нивниот меѓусебен дуел во Истанбул.

Бамберг и Дарушафака одиграа исклучително драматичен меч, домаќинот неколку пати во втората четвртина имаше предност од 14 поени, во последната четвртина гостите на кратко го презедоа водството, но Бамберг во последната минута влезе со предност од пет поени.

Дарушафака израмни на 84:84 на 24 секунди до крајот со тројката на Норман, а последниот напад за Бамберг не го реализира Милер.

Истиот играч во продолжението не успеа да погоди тројка за победа на Бамберг.

Вонамејкер со 30 и Клејбурн со 26 поени ја предводеа Дарушафака до победата

Анадолу Ефес, во Истанбул, го совлада Олимпијакос 77:69 и дојде до 17-та победа во Еврлигата. Олимпијакос има скор 19 победи и 10 порази и е сигурен на третата позиција на табелата, зад Реал и ЦСКА.

Во последниот меч одигран во четвртокот, дуелот на отпишаните Барселона и Макаби, екипи кои заедно имаат осум европски титули, им припадна на Каталонците со 76:71.

Барселона ја забележа 12-та победа во сезоната, додека Макаби остана на само десет победи.

Претпоследното коло во Евролигата ќе биде комплетирано денеска со натпреварите Црвена звезда-Уникс (19 ч.), Галатасарај-Басконија (19 ч.), Жалгирис-Армани Милано (19 ч.), Панатинаикос-ЦСКА Москва (20:45 ч.) и Реал Мадрид-Фенербахче (21 ч.).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП