21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО48 репрезентации ќе играат на Мундијалот 2026

48 репрезентации ќе играат на Мундијалот 2026

Фудбалските репрезентации од Европа ќе добијат само 16 места на Светското првенство во 2026 година кое ќе се игра во нов формат со 48 репрезнетации.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави колку места ќе добијат континенталните федерации. Европа ќе партиципира со најмногу репрезентации, но со помала бројка од она што го очекуваше УЕФА.

CAF (Африка) доби девет места, AFC (Азија) осум, CONCACAF (Северна Америка, Централна Америка, Кариби) шест, CONMEBOL (Јужна Америка) шест и OFC (Океанија) едно место.

UEFA (Европа) на Мундијалот во 2026 година ќе партиципира со 16 репрезентации.

Преостанатите две места се резервирани за домаќинот, односно за победникот на плејоф турнирот, на кој, со исклулок на UEFA, ќе учествуваат преставници од сите континентални федереции.

Конечната одлука ќе биде донесена на 9.мај на седницата на советот на Светската фудбалска федерација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП