6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради операција Нојер ќе паузира две средби

Поради операција Нојер ќе паузира две средби

Германскиот шампион Баерн Минхен за наредните две средби во Бундеслигата нема да може да смета на голманот Мануел Нојер, кој извршил помал оперативен зафат на стапалото.

Баерн потврди дека голманот Нојер имал рутинска операција на стапалото и дека ќе ги пропушти дуелите со Аугсбург (1.април) и Хофенхајм (5.април).

Нојер треба да се врати во тимот за првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, на 12.април во Минхен.

На дуелите со Аугсбург и Хофенхајм него ќе го замени 28-годишниот Свен Улрих.

Баварците во финишот на сезоната се во борба за три трофеи, во првенството се на чекор до одбрана на титулата бидејќи имаат 13 бодови повеќе од Лајпциг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП