5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏо Пејви по десет години го дочека бронзениот медал

Џо Пејви по десет години го дочека бронзениот медал

Британката атлетичарка Џо Пејви ќе го добие бронзениот медал од Светското првенство во Осака во 2007 година, откако на турската атлетичарка Елван Абејлегесе и беше одземен сребрениот медал на трката на 10.000 метри.

Елван Абејлегесе, родена во Етиопија, заедно со сонародничката Гамзе Булут ги бранеа боите на Турција, успеаја да освојат медали на СП во Осака и на ОИ во Пиекинг во 2008 година, но ИААФ поради користење на допинг им ги поништи резултатите.

Абејлегесе била позитивна на забранетиот стероид станозол и ИААФ и ги поништи сите резултати забележани во периодот од 26.август 2007 до 25.август 2009 година. Таа остана без сребрениот медал од СП во Осака на 10.000 метри и сребрата на трките на 5.000 и 10.000 метри на ОИ во Пекинг.

Сребрениот медал од трката во Осака ќе го добие Американката Кара Гучер, а бронзата ќе и припадне на Џо Пејви.

„Воодушевена сум од оваа вест, но чувството во исто време е и горко и слатко. Можев да освојам уште медали во годините кога бев во најдобра форма, но поради измамниците не ми успеа тоа“, рекла 43-годишната Пејви, која во кариерата има злато на ЕП во Цирих во 2014 година на 10.000 метри и сребро во истата дисциплина на ЕП во Хелнсинки.

Втората турска репрезентативка Булут, поради кршење на правилата поврзани со биолошките пасоши, доби четиригодишна суспензија. Таа остана без сребрениот медал освоен на трката на 1.500 метри на ОИ во Лондон во 2012 година.

Инаку дури шест од првите девет атлетичарки кои ја завршија трката на 1.500 метри во Лондон се суспендирани поради допинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП