ПочетнаИНТЕРЕСНОКошаркарите на Куманово ќе се борат за титулата во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Куманово ќе се борат за титулата во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Куманово се пласираа во финалето на БИБЛ лигата откако на домашен терен во реванш полуфиналето го победија тимот на Пеќ со 86:80 (18:25, 19:19, 24:21, 25:15).

Куманово по првиот меч имаше негатива 79:83, а во реваншот патникот во финалето го реши Стефан Живковиќ кој конечните 86:80 ги постави со поените постигнати на три секунди до крајот на мечот.

Гостите од Косово во првиот дел имаа и двоцифрена предност, а на полувремето беше 44:37 за Пеќ. Со подобрата и поефикасна игра во вториот дел кумановчани стигнаа до потребната победа поголема од четири поени.

Најефикасен кај Куманово беше капитенот Марјан Јанески со 21 поен, а имаше и шест скокови, додека Јонел Браун постигна 20 поени. Димитар Караџовски беше на чекор до „дабл-дабл“ со 11 поени и девет скокови.
Во финалето Куманово ќе игра против екипата на Берое од Бугарија, која во полуфиналето беше поуспешна од Теодо од Црна Гора.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП