6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПјаца поради повреда на коленото ја заврши сезоната

Пјаца поради повреда на коленото ја заврши сезоната

Хрватскиот репрезентативец, играч на Јувентус, Марко Пјаца поради повреда на коленото ја заврши сезоната, објави на својот профил на Твитер, Фудбалскиот сојуз на Хрватска, пренесува порталот „index.hr“.

Марко Пјаца се повреди во 63.минута од пријателскиот натпревар одигран во вторникот во Талин, каде Хрватска беше поразен од Естонија со 3:0.

Медицинскиот тим на хрватската репрезентација во средата по прегледот на магнетна резонанца, објави дека Пјаца ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото.

Ваква повреда бара сложен хируршки зафат, а рехабилитацијата трае околу шест месеци, што значи дека крилниот напаѓач не само што ја заврши сезоната, туку нема да може да ги мине летните подготовки со тимот, а и ќе го пропушти стартот на новата сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП