2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаниери за отказот: Не сум доживеал ништо слично

Раниери за отказот: Не сум доживеал ништо слично

Поранешниот менаџер на Лестер Клаудио Раниери (65) ја даде првата изјава по отказот кој му го врачи клубот. Раниери, кој со Лестер ја освои Премиерлигата и приреди една од најголемите сензации во историјата на модерниот фудбал, не го криел разочарувањето од начинот на кој заминал од клупата на „лисиците“.

„Кога размислувам за Лестер прво што ми поминува низ главата е изненадување, многу повеќе него огорченост. Многу пати во кариерата ми се случувале вакви работи, но никогаш не сум доживеал нешто слично на ова. Тоа беше шок, но тоа е дел од фудбалот“, изјавил Раниери кој беше гостин на Регионалната Асоцијација на италијанските фудбалски тренери.

На прашањето што мисли за подемот на формата на фудбалерите на Лестер, која дојде веднаш по неговото заминување, тој не сакал да одговори.

„Англискиот Sky Sports ме покани да коментирам натпревар на 10.април, и дотогаш нема да давам изјави на оваа тема. Ова започна во Англија и сметам дека таму треба и да остане“, дополнил искусниот тренер.

За потсетување фудбалерите на Лестер по заминувањето на Раниери забележаа три победи во низа и ја елиминираа Севилја во осминафиналето во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП