12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМбапе не размислува да замине од Монако и да се пресели во...

Мбапе не размислува да замине од Монако и да се пресели во Реал

Играчот на Монако, тинејџерската сензација Килијан Мбапе, изјавил дека не размислува да го напушти клубот и да се пресели во Реал Мадрид.

Килијан Мбапе (18), со брилијантните изданија оваа сезона го привлече вниманието на најбогатите европски клубови. Мбапе има постигнато 19 голови на 32 одиграни натпревари во Лига 1, а во саботата против Луксембург дебитираше и во француската репрезентација.

„Во моментов сум во Монако, одам чекор по чекор. Реал е клуб за фудбалери кои се наоѓаат на врвот на своите кариери, јас сеуште не сум стигнал таму. Возрасен сум, околу себе имам луѓе со чија помош „со двете нозе стојам на земја“. Она што го сакам е да играм фудбал, да постигнувам голови, да победувам, да освојувам трофеи. Секој играч има своја кариера“, рекол Мбапе.

Според медиумските шпекулации заинтересираните клубови се подготвени да платат помеѓу 110 и 130 милиони евра за неговите услуги.

„Сметам дека би требало да остане во Монако најмалку уште две сезони. Сеуште е млад, потребно му е редовно да игра. Реал е меѓу најдобрите клубови во светот, поради тоа таму притисокот е огромен. Треба да остане во Монако, тоа е совршено место за него“, смета поранешниот играч на Арсенал и на француската репрезентација Роберт Пирес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП