10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВаврника загуби од Зверев

Ваврника загуби од Зверев

Швајцарецот Стан Вавринка, кој во отсутво на Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ е поставен за прв носител на Мастерсот во Мајами, го заврши својот настап во осминафиналето. Вавринка го доби првиот сет, а потоа ги загуби следните два и испадна од младата германска ѕвезда Александар Зверев.

Вавринка иако не блескаше успеа да го освои првиот сет со 6:4, откако во десеттиот гем ја искористи четвртата брејк топка.

Меѓутоа во наредните два сета на теренот постоеше само Зверев кој го декласира противникот и со 6:2, 6:1 избори пласман во четвртфиналето.

Место во осминафиналето обезбеди и Роџер Федерер кој во два тај-брејка (7:6, 7:6) го скрши отпорот на Роберто Баутиста-Агут.

Резултати:
Делбонис-Нишикори 3:6, 6:4, 3:6
Фоњини-Јанг 6:0, 6:4
Сок-Доналдсон 6:2, 6:1
Бердих-Манарино 6:3, 7:5
Надал-Мау 6:4, 7:6
Федерер-Баутиста 7:6, 7:6
Вавринка-Зверев 4:6, 6:2, 6:1
Кирјос-Гофан 7:6, 6:3

Четвртфинални двојки:
Надал-Сок
Зверев-Кирјос
Федерер-Бердих
Фоњини-Нишикори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП