16 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХарден не можеше сам против Вориорс, Нуркиќ го растури Денвер (видео)

Харден не можеше сам против Вориорс, Нуркиќ го растури Денвер (видео)

Голден Стејт и Портланд забележаа победи во двата најпривлечни натпревари кои се одиграа во НБА лигата. Џејмс Харден се запиша во историјата на НБА лигата, но Хјустон го загуби дербито од Голден Стејт 106:113, додека Портланд го победи директниот конкурент за осмата позиција на Западот, Денвер со 122:113.

Вицешампионите во НБА лигата и без Кевин Дурент лесно славеа во Хјустон 113:106. Клеј Томпсон го предводеше тимот во првото, а Стеф Кари во второто полувреме. Томпсон постигна 25 поени (20 во првиот дел), додека Кари 18 од 32-та поени уфрли во вториот дел, покрај тоа тој имаше и 10 скокови и седум асистенции. Одличен меч одигра и третиот Ол стар на Голден Стејт, Дрејмонд Грин кој мечот го заврши со 19 поени.

Хјустон го предводеше Џејмс Харден кој го забележа 20-от трипл-дабл во сезоната (24 поени, 11 скокови, 13 асистенции) и стана првиот играч во историјата на лигата кој во една сезона забележал повеќе од 2.000 поени и 2.000 асистенции.

Дуелот на тимовите кои се борат за осмото место на Западот му припадна на Портланд, кој предводен од Си-Џеј Мекалум и Јусуф Нуркиќ лесно го победи Денвер 122:113.

Репрезентативецот на БиХ, Нуркиќ сурово го казни тимот во кој настапуваше до февруари, го одигра својот најдобар меч во кариерата и на крајот заврши со 33 поени и 16 скокови. Портланд го предводеше Мекалум со 39 поени.

Во редовите на Денвер Вилсон Чендлер постигна 23, Гери Херис 19 поени, а Никола Јокиќ имаше учинок од 17 поени и по осум скокови и асистенции.

На другите натпревари: Милвоки победи во Шарлот 118:108, Индијана загуби од Минесота 114:115, Атланта славеше над Феникс 95:91, Мајами победи во Детроит 97:96, а Вашингтон славеше кај Лејкерси 119:108.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП