28 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Гаучосите“ немоќни против Боливија

„Гаучосите“ немоќни против Боливија

Аргентина уште еднаш ги разочара своите навивачи, го забележа третиот пораз во последните пет квалификациски натпревари и го компромитира својот пласман на Мундијалот во Русија. „Гаучосите“ во 14.коло, во рамките на јужноамериканските квалификации за пласман на СП во Русија загубија во Ла Паз од Боливија 2:0.

Боливија заедно со Венецуела е најслабата јужноамериканска репрезентација, без шанси за пласман на СП, но сепак успеа да ја победи Аргентина 2:0.

Боливија ја забележа третата победа во квалификациите и се наоѓа на претпоследното место на табелата. Хуан Арсе во првото и Марсело Морено во второто полувреме го совладаа Серхио Морено, по грешките на дефанзивецот на Виљареал, Ронкаља.

Аргентина по овој пораз падна на петтото место на табелата, кое носи бараж за пласман на Мундијалот.

За разлика од Аргентина лидерот Бразил против Парагвај ја запиша осмата победа во низа и ја зголемија предноста на првата позиција на табелата. Кариоките победија 3:0 со головите на Кутињо, Нејмар и Марсело. Победата на Бразил можеше да биде и поубедлива, но Нејмар не успеа да реализира пенал.

Колумбија на тешкото гостување во Еквадор победи 2:0 и се искачи на втората позиција на табелата. Првиот гол, со многу среќа го постигна Хамес Родригез, а победата Колумбијците ја заверија во 35.минута кога вториот гол го постигна Квадрадо.

Перу го победи Уругвај 2.1, додека Чиле во дуелот со Венецуела славеше со 3:1.

Табела: 1. Бразил 33, 2. Колумбија 24, 3. Уругвај 23, 4. Чиле 23, 5. Аргентина 22, 6. Еквадор 20, 7. Перу 18, 8. Парагвај 18, 9. Боливија 10, 10. Венецуела 6.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП