Светската фудбалска федерација (ФИФА) му изрече суспензија од четири натпревари на најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси.
Играчот на Барселона на квалификацискиот натпревар со Чиле вербално го навредувал помошниот судија.
ФИФА реши да го казни Меси поради „навредливите зборови кои директно ги упатил кон еден од судиите“.
Суспензијата на Меси преставува тежок удар за Аргентина, бидејќи тој ќе пропушти четири од последните пет квалификациски натпревари на својата репрезентација.
Меси ќе ги пропушти дуелите со Боливија на 30.март, Уругвај на 31.август, Венецуела на 5. септември и Перу на 5. октомври. Во тимот тој ќе се врати за натпреварот со Еквадор на 10.октомври.
Аргентина без Меси ќе мора избори пласман на Мундијалот во Русија, иако во моментов се наоѓа на третото место на табелата со 22 бода. Аргентина има само бод повеќе од Колумбија која се наоѓа на петтото место на табелата, односно два повеќе од Еквадор и Чиле кои се на шестото и седмото место.