17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите триумфираа над врсниците од Бугарија

Младите триумфираа над врсниците од Бугарија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија ја продолжи серијата на успешни резултати со триумфот над соодветната селекција на Бугарија 1:0 (1:0).

Избраниците на Благоја Милевски имаа целосна контрола врз играта во првиот дел, а надмоќната игра во која имаа неколку добри обиди да го совладаат Крастев, со гол ја крунисаа во 43.минута кога Марјан Радески ја погоди целта.

Во второто полувреме двајцата селектори им дадоа шанса и на останатите фудбалери, но и во таква ситуација македонските фудбалери беа подобри, а во 86.минута можеа да постигнат уште еден гол, но Петковски не успеа да реализира пенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП