9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСелектор со ЕХФ Мастер диплома ќе работи со девојките на ракометниот камп...

Селектор со ЕХФ Мастер диплома ќе работи со девојките на ракометниот камп “Кирил Лазаров 7”

Пред неколку дена од селекторската функција ги предводеше нашите најдобри ракометарки до 19 години во историскиот пласман на Европско првенство во Словенија.

Тој е дипломиран професор по физичка култура, одличен педагог, тренер со потврда за врвна ракометна надградба преку посета на сите три модули и стекнување на ЕХФ ПРО лиценца како и 24-годишно тренерско искуство со ракометар(к)и од сите категории. Пред неколку дена од селекторската функција ги предводеше нашите најдобри ракометарки до 19 години во историскиот пласман на Европско првенство во Словенија.

Ви го преставуваме битолчанецот Борче Марковски, кој седум дена ќе работи со девојките на ракометниот камп “Кирил Лазаров 7” овој јуни во Охрид. Тренерската кариера ја стартувал како помошник тренер, сега веќе далечната, 1993 година во тогаш силниот женски суперлигаш Пелистер ТАТ каде што после две години застанал на чело на клубот како прв тренер. Во годините што следуваат покрај во двата битолски суперлигаши ЖРК и РК Пелистер работел и во нашите ракометни суперлигаши од Гевгелија, Ресен и Прилеп.

Од 2001-ва година на повеќе наврати е дел од нашите најдобри национални селекции, а како најдобар досегашен резултат е пласманот на нашите девојки до 19 години на ЕП во Словенија, по повеќегодишна апстиненција на една наша женска националан селекција од големите натпреварувања.

Од 1996-та година, обрнувајќи големо внимание на стручната едукација, посетува голем број на семинари и предавања на врвни европски тренери во организација на Европската ракометна федерација, за конечно во 2016-тата година и официјално да се стекне со највисока ЕХФ ПРО тренерска лиценца и да ја добие титулата ЕХФ Мастер тренер.

Тренерска кариера – тренер на повеќе суперлигашки клубови во Македонија:

-ЖРК Пелистер ТАТ – Битола,

-ЖРК Гевгелија – Гевгелија.

-РК Преспа – Ресен,

-РК Пелистер – Битола,

-РК Жито Прилеп – Прилеп.

Репрезентативна кариера – тренер на нашите национални селекции:

-Селектор на женска национална селекција до 19 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП