17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРепрезентативците посакуваат победа и против Белорусија

Репрезентативците посакуваат победа и против Белорусија

Македонската фудбалери го одработија последниот тренинг во пресрет на контролниот натпревар против Белорусија. По победата во Лихтенштајн, во репрезентацијата сите посакуваат триумф над Белорусија, кој дополнително би ја кренал самодовербата за преостанатите квалификациски натпревари.

„Играме пријателски натпревар со Белорусија, но ќе го сметаме како квалификациски. Мора да одиграме мотивирано, иако противникот има подобар рејтинг од нас, за речиси сто позиции на ФИФА ранг-листата. Имаме доволен број на квалитетни играчи, иако младинските репрезентативци се префрлија во таборот на Благоја Милевски за пријателскиот меч со Бугарија, рече на прес конференцијата селекторот Игор Ангеловски, кој дополнително го повика во репрезентацијата и 16-годишниот Дарко Чурлинов.

„Дарко Чурлинов е екстра талент, затоа е повикан во репрезентацијата, а верувам дека ова за него ќе биде поттик да игра уште подобро“, дополни селекторот.

„Сакаме да ја потврдиме победата против Лихтенштајн и конечно да врземе два успеха. Се радувам на моите голови, но поважно е Македонија да победува“, изјави најдобриотот стрелец на Македонија во квалификациите, Илија Несторовски.

Пријателскиот натпревар Македонија-Белорусија ќе се одигра во вторник во 18 часот, во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП