10 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНООдземан имотот на Хакан Шукур

Одземан имотот на Хакан Шукур

Турција стана забранета земја за еден од најдобрите фудбалери во историјата на турскиот фудбал и херојот на нацијата од Светското првенство во 2002 година, Хакан Шукур.

Легендарниот напаѓач од турските власти е обвинет за финансирање на терористичката органзација ФЕТО, која во јули минатата година се обиде да изврши пуч во државата.

Шукур е близок пријател со лидерот на оваа организација Фетулах Гулен.

Поранешниот фудбалер ги негираше обвинувањата дека на бил каков начин учествувал во пучот, но тоа не му помогна да го сочува својот имот во Турција. Државата му го одзеде комплетниот имот на Хакан Шукур и доколку се обиде да влезе во Турција ќе биде уапсен.

Исто така тој е исклучен од членството во Галатасарај, а сите негови клупски рекорди се избришани.

Шукур ќе продолжи да живее во САД, додека неговиот татко, Селмет, веќе неколку месеци се наоѓа во затвор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП