17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕврокуп: Алексеј Швед МВП на сезоната

Еврокуп: Алексеј Швед МВП на сезоната

Рускиот репрезентативец, играч на Химки, Алексеј Швед е прогласен за МВП во Еврокупот за сезоната 2016/2017.

Второто според квалитет натпреварување во кошаркска Европа, Еврокупот, се ближи кон крајот, а во пресрет на финалната серија помеѓу шпанските тимови Уникаха и Валенсија, кошаркарите и експертите ги избраа најдобрите.

МВП на сезоната е најдобриот стрелец Алексеј Швед. Рускиот репрезнетативец сезоната ја заврши со просечни 22,1 поени, 4 скокови и 5 асистенции.

Покрај Швед во идеалната петорка се најдоа и Куртис Џерелс (Хапоел Ерусалим), Марди Колинс (Локомотив Кубан), Дејан Мусли (Уникаха) и Бојан Дубљевиќ (Валенсија).

Првиот натпревар од финалната серија, во Еврокупот, ќе се одигра во вторник во Валенсија, каде ќе гостува Уникаха.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП