28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал го одигра 1.000 меч во кариерата

Надал го одигра 1.000 меч во кариерата

Рафаел Надал е третиот од активните тенисери кој стигна до бројката од 1.000 мечеви во кариерата. Во јубилејниот меч, Шпанецот, го победи Филип Колшрајбер откако првиот сет го загуби со нула, а потоа ги доби наредните два 6:2, 6:3.

„Илјада мечеви, тоа е навистина многу. Тоа е добра вест бидејќи значи дека имам долга кариера. Со години слушам дека мојата кариера ќе биде кратка. Се сеќавам и на првиот меч (2003) го играв дома на Мајорка, тоа беше мојата прва АТП победа“, рекол Надал.

Од активните тенисери повеќе мечеви имаат одиграно само Давид Ферер (1.034) и Роџер Федерер (1.340). Надал има скор од 822 победи и 178 порази.

Најмногу професионални мечеви во сингл има одиграно Американецот Џими Конорс (1535), додека Надал на вечната листа се наоѓа на 11-то место.

Вкупно во кариерата шпанскиот тенисер има освоено 69 трофеи во сингл, од кои 14 на Грен слем турнирите, 28 на Мастерс турнирите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП