22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовиот трипл-дабл на Вестбрук не беше доволен за победа на Оклахома

Новиот трипл-дабл на Вестбрук не беше доволен за победа на Оклахома

Портланд ја презеде осмата позиција на Западот од Денвер, откако славеше против Лејкерси, а Денвер загуби од Њу Орлеанс. Голден Стејт дополнително ја зацврсти својата позиција на чело на табелата, додека Вестбрук оствари трипл дабл, но Хјустон ја совлада Оклахома.

Портланд лесно излезе на крај со Лејкерси, победи во Лос Анџелес 97:81 и се искачи на осмото место на Заладот. Демијан Лилард постигна 22 поени, а Ален Креб 18 за Портланд.

Голден Стејт ја фаќа вистинската форма и без повредениот Дурент, кој наскоро ќе се врати во тимот, во дербито го победија Мемфис 106:94. Клеј Томпсон постигна 31 поен (7/11 за три), а Стеф Кари забележа „дабл-дабл“ од 21 поен и 11 поени. Кај Мемфис во чии редови го немаше Марк Гасол, најефикасен беше Мајк Конли со 29 поени.

Хјустон рутиснки славеше против Оклахома 137:125. На овој меч еден наспроти друг играа најголемите кандидати за МВП наградата Џејмс Харден и Расел Вестбрук.

Харден забележа двоен ефект од 22 поени и 12 асистенции, додека Вестбрук го запиша 36-от трипл-дабл во сезоната (39 поени, 13 асистенции и 11 скокови).

Најефикасни кај Хјустон беа Лу Вилијамс со 31 поен и Тревор Ариза со 24 кошеви.

Резултати: ЛА Клиперс-Сакраменто 97:98, Милвоки-Чикаго 94:109, Атланта-Бруклин 92:107, Шарлот-Феникс 120:106, Бостон-Мајами 112:108, Индијана-Филаделфија 107:94, Њу Орлеанс-Денвер 115:90.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП