8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДени Блинд повеќе не е селектор на Холандија

Дени Блинд повеќе не е селектор на Холандија

Дени Блинд повеќе не е селектор на Холандија, откако челниците на националниот Сојуз му врачи отказ по поразот во Софија од Бугарија (2:0).

Холнадија со поразот во Софија го загрози својот пласман на Мундијалот во Русија, на табелата „лалињата“ имаат шест бодови помалку од лидерот Франција, три од Шведска и два од Бугарија.

„Го почитуваме Дани, но резултатите се разочарувачки и мораме да му кажеме довидување“, се наведува во соопштението на директорот на Фудбалскиот сојуз на Холандија.

Блинд по мечот во Софија истакнал дека ја прифаќа одговорноста за поразот од Бугарија.

Холандија, во вторник, игра контролен меч со Италија, а тимот ќе го предводи Фред Грим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП