19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 07.03.2018

Дневен хороскоп 07.03.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ако вложите малку труд и шарм, сигурно се ќе постигнете. Слободните Овни може да очекуваат интересна средба.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Полни сте со самодоверба. Искористете ја за остварување на деловните цели. Зрачите со позитивна енергија, а припадниците на спротивниот пол тоа го забележуваат. Одличен ден за вас.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Без значајни случувања на деловното поле. Ве очекува вообичаен ден. Зафатените Близнаци можат да имаат сериозна расправа со партнерот.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе потпишете некои многу важни документи. Бидете внимателни, прочитајте ги повеќе пати. Ви одговара друштвото на една личност.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе биде потребно некого да покриете, направете го тоа бидејќи таа личност повеќе пати ви помогнала. Денес ќе се запознаете со некоја интересна личност.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Си мислите дека во деловната средина некој ви работи позади грбот. Можни се некои испади на љубомора од страна на партнерот, поразговарајте со него.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Пред да склопите нов договор, најпрвин проверете ги луѓето. Проверете го нивното минато, со цел да не ве измамат. Со партнерот ќе бидете во хармонија.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате одлични идеи, но тие нема да можат денес да се реализираат. Почекајте ја наредната недела. Од саканото лице ќе добиете интересен предлог.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе се потпрете на некое лице кое не е толку искусно, а ниту зрело. Најдобро е повеќе да внимавате. Можно е финансиски да бидете оштетени.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ако планирате некој важен состанок, подобро е да го откажете. Во љубовта се сомневате во партнерот. Проверете ги неговите тврдења и искрено разговарајте со него.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ослободете се од негативната енергија со цел да не им ја истурате на соработниците. Некој пријател ќе ви даде корисен совет, послушајте го. Партнерот ќе се обиде да ве разведри, не го игнорирајте.

 

Риби (20.02 – 20.03)

На работното место ќе се случат некои промени кои ќе ве направат нервозни. Не наседнувајте на ситните провокации, олабавете се малку. Во љубовта вложете го максимумот, ослободете се од досадата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП