13 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФленсбург го совлада Мешков Брест, Кјелце доживеа пораз во Монпелје

Фленсбург го совлада Мешков Брест, Кјелце доживеа пораз во Монпелје

Ракометарите на Фленсбург се блиску до четвртфинален натпревар со Вардар во Лигата на шампионите, откако во неделата, во Белорусија го победија Мешков Брест 26:25. Актуелниот европски првак Кјелце доживеаа убедлив пораз во Монпелје 33:28.

Ракометарите на Фленсбург победија во Белорусија иако имаа лош почеток и финиш на натпреварот. Мешков во 15.минута водеше со четири голови разлика (9:5), а потоа Фленсбург се врати во мечот и до крајот на полувремето ја стигна и ја престигна предноста на противникот (13:15).

Во вториот дел германскиот тим имаше предност 20:25 во 49.минута, но до крајот постигна само еден гол и тоа преку Гландорф во последниот напад за 25:26.

Победникот од овој натпревар во четвртфиналето ќе игра против Вардар, кој како победник на групата заедно со Барселона директно се пласира меѓу најдобрите осум.

Европскиот првак Кјелце во реваншот ќе брака негатова од пет голови против Монпелје, откако во Франција загуби 33:28.

Певото полувреме беше рамноправно, а Кјелце во ффинишот стекна предност од два гола (13:15). Во вториот дел полскиот тим водеше и со четири гола разлика 18:22, кога Монпелје го започна пресвртот, најпрвин со серија 4:0 Французите израмнија, а кога во последните 15 минути голманот Портнер влезе во ритам, Монпелје со серија 8:2 го заврши натпреварот со 33:28.

Портнер блескаше во последните 20 минути со 10 одбрани.

Силкборг не успеа да оствари поволен резултат против ПИК Сегед иако на полувремето водеше со пет голови. Унгарците во вториот дел постигнаа 18, а примија 11 голови за конечни 24:26.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП