6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШтефан Крафт го освои Светскиот куп во ски скокови

Штефан Крафт го освои Светскиот куп во ски скокови

Австриецот Штефан Крафт го освои Светскиот куп во ски скокови, откако успеа да победи на последниот натпревар одржан на Планица.

Краф во пресрет на последниот натпревар имаше 86 бодови повеќе од Полјакот Камил Стох и успеада ја задржи бодовната разлика во однос на конкурентот.

На Планица поради силниот ветер се одржа само една серија, во која Крафт имаше лет од 250 метри и освои 244,3 бодови. Зад Крафт се пласираа Германецот Андрес Велингер и Јапонецот Нориаки Касаи.

Светскиот куп Крафт го заврши со 1.665 бодови, Стох освои 1.524, а Норвежанецот Даниел Андре Танде е трет со 1.201 бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП