10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев: Фаворити сме, да го покажеме тоа и на теренот

Пандев: Фаворити сме, да го покажеме тоа и на теренот

Македонската фудбалска репрезентација ги заврши мини подготвките во Скопје пред квалификациската пресметка против Лихтенштајн. Националниот тим, в четврток во утронските часови ќе отпатува за Вадуц.

Македонија сеуште е без победа и освоен бод во квалификациската група, против Лихтенштајн ќе биде фаворит, но капитенот Горан Пандев вели дека фаворитската улога тимот треба да ја потврди на теренот.

„Не сакаме да зборуваме за било кој натпревар дека сме фаворити, тоа треба да го покажеме на теренот. Не очекува натпревар кој може да ни донесе многу позитивни работи, да ни ја врати самодовербата и повторно да бидеме во позиција да се бориме за подобро место во квалификациската група. Мораме да направиме сѐ што е во наша моќ за да го победиме Лихтенштајн. Знаеме дека во фудбалот нема лесни противници и лесни натпревари, а единственото важно е да се освојат бодовите. Добро се подготвуваме, ќе влеземе мотивирани и се надевам дека најпосле ќе запишеме победа“, рече Пандев.

Квалификацискиот натпревар помеѓу Лихтенштајн и Македонија, во рамките на Г групата, ќе се одигра в петок со почеток во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП