17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолден Стејт оствари нов НБА рекорд

Голден Стејт оствари нов НБА рекорд

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс изминатата ноќ забележаа победа во Далас 112:87 и се запишаа во историјата на НБА лигата.

Вориорс ја предводат лигата со 57 победи, а триумфот во Далас беше 28 на гостински терен за овој тим во тековната сезона. Со оваа победа Вориорси влегоа во историјата на НБА лигата како прв тим кој три сезони по ред бележи најмалку 28 победи на гостински терен.

До триумфот во Далас екипата на Стив Кер ја предводеа Клеј Томпсон со 23 поени (пет тројки) и Стеф Кари со 17 поени и девет асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП