21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов селектор на БиХ ќе биде Вујошевиќ

Нов селектор на БиХ ќе биде Вујошевиќ

Најтрофејниот тренер во историјата на Партизан, Душко Вујошевиќ, во четврток ќе биде избран за нов селектор на кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина, објави весникот од Бања Лука „Независне новине“.

Весникот наведува дека изборот на Вујошевиќ ќе се случи по седницата на Извршниот одбор на Кошаркарскиот сојуз на БиХ, на која ќе има само една точка на дневниот ред, а тоа е избор на нов селектор.

Вујошевиќ во моментов е тренер на францускиот прволигаш Лимож, а на селекторската функција ќе го наследи Дамир Мулаомеровиќ, кој ја напушти репрезентацијата по неуспешните квалификации за пласман на Европското првенство.

Екс тренерот на Партизан и ЦСКА Москва во кариерата предводел две репрезентации како селектор СР Југославија во 2003 и Црна Гора во 2011 година. Како тренер на Партизан има освоено 12 титули во првенството на Србија и пет во АБА лигата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП