12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради повреда Монфилс подолг период ќе отсуствува од тениските терени

Поради повреда Монфилс подолг период ќе отсуствува од тениските терени

Гаел Монфилс, кој во моментов е 11-ти на АТП листата, поради повреда подолг период ќе отсуствува од тениските терени.

Еден од најатрактивните тенисери на денешницата, 30-годишниот Монфилс, објави дека има проблеми со Ахиловата тетива и дека му е оштетена рскавицата во левото колено, поради што ќе мора да паузира подолг период.

Монфилс настапи на Мастерсот во Индијан Велс минатата недела и стигна до осминафиналето каде загуби од Австриецот Доминик Тим. По поразот од Тим тој веднаш го откажа учеството на наредниот Мастерс во Мајами.

Гаел Монфилс во кариерата освоил шест титули, а на грен слем турнирите два пати играл во полуфиналето, во 2008 година на Ролан Гарос и во 2016 година на УС Опен.

Најдобар пласман на АТП листата му е шестото место на кое се најде на 7.ноември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП