2 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИграч на годината во Португалија е Роналдо

Играч на годината во Португалија е Роналдо

Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар португалски играч во 2016-та година. Минатата година тој со Реал ја освои Лигата на шампионите, а со Португалија беше прв на европското првенство.

Кристијано Роналдо осми пат во кариерата го доби признанието за играч на годината во Португалија. Зад напаѓачот на Реал, во изборот на тренерите и новинарите останаа Пепе и голманот Руи Патрисио.

„Минатата година беше специјална за мене, го освоив трофејот кој ми недостасуваше. Морам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката“, рекол Роналдо на свечената церемонија во Лисабон.

Португалците за најдобар млад играч го прогласија Ренато Санчез, а за најдобар тренер, селекторот на репрезентацијата, Фернандо Сантош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП