20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајнштајгер кариерата ќе ја продолжи во Чикаго фајер

Швајнштајгер кариерата ќе ја продолжи во Чикаго фајер

Бастијан Швајнштајгер кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига, во дресот на Чикаго фајер. Манчестер Јунајтед му дозоволил на поранешниот германски репрезентативец да го напушти клубот, а според Чикаго Трибјун, тој потпишал едногодишен договор за сума од 4,5 милиони долари.

Швајнштајгер беше во преговори со Чикаго и минатата сезона, но во последен момент с епремислил и решил да остане во Манчестер Јунајтед. Откако Чикаго повоторно го обнови интересот за германскиот фудбалер, тој реши да се пресели преку Атлантикот, откако му стана јасно дека не му е потребен на менаџерот Жозе Мурињо.

Од почетокот на сезоната Германецот за Манчестер Јунајтед има одиграно само четири натпревари, еден од нив во Премиерлигата.

Пред доаѓањето на „Олд Трафорд“ во 2015 гофина, целата своја кариера Швајнштајгер ја мина во минхенски Баерн. Со Баварците освои осум титули во Бундеслигата и една во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП