4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛаказет под влијание на Грзиман ќе се пресели во Атлетико

Лаказет под влијание на Грзиман ќе се пресели во Атлетико

Генералниот директор и главен акционер на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил Марин, постигнал прелиминарен договор со напаѓачот на Лион Александер Лаказет, пренесуваат шпанските медиуми.

Лаказет по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Атлетико, а според истите извори, големо влијание во реализацијата на трансферот имал Антоан Гризман, кој активно учествувал во преговорите.

Гризман е трансфер цел на неколку екипи, но според последните информации тој нема намера да го менува клубот во летниот преоден рок. Оваа одлука на Гризман била клучна за Лаказет да реши каде ќе ја продолжи кариерата.

Лаказет (25) е репрезентативец на Франција, а оваа сезона за Лион во сите натпреварувања има постигнато 23 голови на 24 одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП