8 јули, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.02.2018

Дневен хороскоп 27.02.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Во контактот со надредените можно е да имате недоразбирања. Во љубовта некое ново познанство ќе ви се случи кога најмалку ќе очекувате.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можно е некои работи да не тргнале онака како што сте се надевале. Во љубовта потребно е да поработите на себе ако сакате да дојдете до емотивна среќа.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денот не е поволен за било какви финансиски трансакции ниту за ризици на ова поле. Пред вас е поволна прилика за ново познанство доколку сте слободни.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ви доаѓа прилика за успех на деловен план. Потрудете се да им се посветите на обврските. Време е за искрен разговор со вашиот партнер.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Подготвени сте за нови деловни потфати. Се чувствате добро и имате налет на самодоверба. Новата љубовна понуда која ќе ја добиете ќе биде многу интригантна.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можно е да успеете да дојдете до промени на деловен план. Горди сте на се што досега сте постигнале. Во љубовта подготвени сте за нови случувања.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекува интересна деловна понуда. Можете да се најдете во деловна прилика да остварите добра заработка. Во љубовта комуникацијата е клуч за решавање на моменталните љубовни проблеми.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Подготвени сте за нови деловни предизвици. Во себе носите многу енергија и елан. Во љубовта ве очекува прилика да го освоите вниманието од личноста која ви се допаѓа некое време.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекуваат многу позитивни и добри случувања во деловното опкружување. Можете да се надевате на убави вести. Уживате во позитивниот однос со саканото лице.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можно е да не сте во прилика да остварите се што сте замислиле. Но без грижа, ќе дојдат и вашите пет минути. Во љубовта доаѓа до обнова на контактите со лицето кое порано сте го сакале.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денешниот ден не е претерано поволен за работа. Не очекувајте премногу. Посветете им се на некои други нешта. Пред вас е прилика подобро да го запознаете партнерот.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве фаќа нервоза, бидејќи не гледате сеуште конкретни подобрувања на деловен план. Во љубовта ви одговара вниманието кое го добивате од страна на саканото лице.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар