2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПетто место за Стефановска на турнир во Премиер карате-лигата

Петто место за Стефановска на турнир во Премиер карате-лигата

Каратистката на Макпетрол во борби, во категоријата до 68 килограми Моника Стефановска, го освои петтото место на престижната Премиер карате-лига, која викендов се одржа во Ротердам, Холандија.

Стефановска, во борбата за бронзениот медал, минимално загуби со 1:2 од претставничката на Грција, Василики Панециду.

Претходно Стефановска ги елиминира Англичанката Кејт Карвачински (7-0), Србинката Марина Радичевиќ (3-2), Босанката Ивона Ќавар (2-1) и во репасажот, Французинката Леа Аврези (2-0), додека загуби од Австријката Алиса Бухинегр (0-4).

Ова е најдобриот пласман на еден наш каратист во коло на Премиер лигата, односно петтото место, додека Симона Заборска (Макпетрол) е деветто рангирана.

Вкупно 33 каратисти од десет македонски клуба настапија во Ротердам на до сега најсилниот турнир од Премиер-лигата, на кој учествуваа 1.257 каратисти од 153 клуба, од 73 држави од целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП