8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏозеф Лампти од Гана доби доживотна забрана за судење од ФИФА

Џозеф Лампти од Гана доби доживотна забрана за судење од ФИФА

Доживотна забрана за судење доби фудбалскиот судија од Гана Џозеф Лампти откако било докажано дека учествувал во местење на квалификациски натпревар за заминување на Светското првенство, објави ФИФА во понеделник.

Лампти во ноември минатата година го водеше мечот меѓу ЈАР и Сенегал, која заврши со победа на ЈАР од 2:1, а домашниот тим првиот гол го постигна од непостоечки пенал.

Лампти досуди казнен удар заради играње со рака на сенегалскиот фудбалер, но снимката јасно покажа дека топката не ја погодила раката.

Африканската фудбалска конфедерација заради таа грешка го суспендираше Лампти на три месеца.

Од ФИФА не соопштија дали овој натпревар ќе биде преигран.

По две кола ЈАР е на првото место на табелата од групата Д со четири бода, исто колку што има и второпласираната Буркина Фасо, додека Сенегал е трет со три бода. Во групата се уште Зеленортските острови, кои се без бодови. На СП во Русија ќе се квалификува само победникот на групата.

Лампти порано беше суспендиран на шест месеци заради признавање на непостоечки гол во полуфиналето на африканската Лига на прваци во 2010 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП