3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП: Расте предноста на Мареј во однос на Ѓоковиќ

АТП: Расте предноста на Мареј во однос на Ѓоковиќ

По завршувањето на Мастерсот во Индијан Велс, Енди Мареј ја зголеми разликата во однос на Новак Ѓоковиќ на чело на АТП листата. Роџер Федерер кој победи во Индијан Велс, направи најголем скок во Топ 10 и сега се наоѓа на шестата позиција.

Енди Мареј во Индијан Велс настапот го заврши на самиот старт, но и покрај тоа ја зголеми бодовната предност во однос на Новак Ѓоковиќ, кој беше елиминиран во осминафиналето и загуби 920 бодови.

Разликата меѓу првиот и вториот во светот сега изнесува 3.090 поени, а истата дополнително ќе се зголеми по Мастерсот во Мајами, каде Ѓоковиќ е актуелен шампион, но поради повреда нема да ја брани титулата, поради што ќе загуби нови 1.000 поени.

АТП листа:

1. Енди Мареј (Велика Британија) 12.005 бодови
2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.915
3. Стан Вавринка (Швајцарија) 5.705
4. Кеи Нишикори (Јапонија) 4.730
5. Милош Раониќ (Канада) 4.480
6. Роџер Федерер (Швајцарија) 4.305
7. Рафаел Надал (Шпанија) 4.145
8. Доминик Тим (Австрија) 3.465
9. Марин Чилиќ (Хрватска) 3.420
10. Жо-Вилфред Цонга (Франција) 3.310.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП