Елена Веснина ја освои титулата на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Веснина по речиси три часа голема борба ја победи сонародничката Светлана Кузњецова со 2:1.
Првиот сет го доби Кузњецова во тај брејк со 8:6. Во вториот ветеранката беше блиску до освојување на титулата, имаше предност од 4:1, но Веснина успеа да се врати во мечот, да го добие сетото со 7:5 и да избори трет сет.
Третиот сет донесе слично сценарио како и вториот, Кузњецова прва направи брејк, имаше 4:2, но потоа Веснина освои четири гема во низа и стигна до највредната титула во досегашната кариера.