28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ се повлече од Мастерс турнирот во Мајами

Ѓоковиќ се повлече од Мастерс турнирот во Мајами

Новак Ѓоковиќ се повлече од Мастерс турнирот во Мајами поради повреда на лактот на десната рака.

Српскиот тенисер на својата официјална интернет страница објави дека поради повреда прв пат по 11 години ќе го пропушти Мастерсот во Мајами, на кој има освоено шест титули, од кои три во последните три години.

Ѓоковиќ од Олимписките игри има проблеми со оваа повреда, минатата година ги пропушти турнирите во Синсинати и Пекинг.

Инаку поради идентична повреда на Мастерсот во Мајами нема да игра ниту првиот на АТП листата Енди Мари.

Мари кога ќе заврши турнирот во Мајами ќе има 4.000 бодови повеќе од Ѓоковиќ, бидејќи српскиот тенисер ќе остане без 1.000 бодови, колку што доби за титулата минатата година, додека Мари ќе загуби само 45 бодови бидејќи лани испадна во осминафиналето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП