Екипата на Њу Орлеанс славеше против Хјустон во најинтересниот натпревар кој се одигра изминатата ноќ во НБА лигата.
Без Демаркус Казинс, Њу Орлеанс му дозволи на Џејмс Харден да игра, но ги неутрализира неговите соиграчи и славеше убедливо 128:112. Харден запиша трипл-дабл од 41 поен, 14 скокови и 11 асистенции.
Њу Орлеанс до триумфот го предводеа Саломон Хил со 30 поени, 6 скока и 7 асистенции, односно Ентони Дејвис кој забележа 24 поени и 15 скокови.
На другите натпревари Вашингтон го победи Чикаго 112:107, во натпревар во кој Џон Вол забележа рекордни во кариерата 20 асистенции, Мајами славеше над Минесота 123:105, Бостон победи во Бруклин 98:95, Детроит загуби од Торонто 95:98, додека Милвоки славеше во Лос Анџелес против Лејкерси 107:103.