18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСок си обезбеди место во своето прво Мастерс полуфинале

Сок си обезбеди место во своето прво Мастерс полуфинале

Американскиот тенисер Џек Сок ќе му биде противник на Роџер Федерер во полуфиналето на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Сок во последното четвртфинале славеше против петтиот фаворит Кеи Нишикори.

Најдобриот резултата во кариерата Џек Сок го бележи на годинешното издание на Мастерсот во Индијан Велс. Американецот за еден час и 49 минути и победата 6:3, 2:6, 6:2 над Нишикори, избори пласман во полуфиналето на турнирот.

Противник за пласман во финалето ќе му биде Роџер Федерер кој без борба стигна меѓу најдобрите четворица, откако поради болки во стомакот Ник Кирјос му го предаде мечот.

Федерер и Сок имаат одграно два меча и двата завршиле со победа на Швајцарецот.

Победникот од овој дуел, во финалето ќе игра против победникот од полуфиналето во кое ќе се сретнат Стан Вавринка и Паблу Карењо-Буста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП