25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрбинките подобри во првиот контролен дуел

Србинките подобри во првиот контролен дуел

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби во првиот од двата договорени контролни натпревари со репрезентацијата на Србија. Во салата, во Автокоманда, Македонија беше поразена 29:35.

Македонија и Србија го одиграа првиот од двата контролни натпревари, според договорот и двата се од затворен карактер, а Србинките победија 29:35, благодарение на подобрата игра во второто полувреме.

Вториот натпревар е закажан за в сабота од 12 часот, а ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“.

Дуелите со Србија се дел од подготовките на Македонија за бараж двомечот против Шведска, за пласман на Светското првенство во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП