10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛино Червар си заминува од Металург

Лино Червар си заминува од Металург

Лино Червар, доскорешниот селектор на македонската репрезентација, во изјава за хрватскиот портал „24sata.hr“, го најави своето заминување од клупата на Металург.

Червар, кој преку писмо испратено на адреса на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се раздели од националниот тим, наскоро ќе замине и од клупата на Металург. Прашањето е само кога тоа ќе се случи, односно дали ќе остане до крајот на сезоната на клупата на екипата од Автокоманда.

„Таму минав седум прекрасни години. Ќе видам уште колку време ќе седам на клупата на Металург. Меќедонија ќе ми остане во убаво сеќавање. Заминувањето не е лесно, но знаете дека дома секогаш е најубаво“, изјавил Червар за порталот.

Червар в сабота ќе биде проворан во нов селекторт на репрезентацијата на Хрватска, од чија клупа замина во 2010 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП